5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTakeda ја купува ирската Shire за 46 милијарди фунти

Takeda ја купува ирската Shire за 46 милијарди фунти

Јапонската фармацевтска компанија „Takeda“ ќе го добие ирскиот производител на лекови „Shire“ за 45,3 милијарди фунти (61,50 милијарди долари), објави „Ројтерс“.

Ако ја доби поддршката на акционерите, износот ќе биде најголемото купување во странство од јапонската компанија и ќе ја втурне „Takeda“ предводена од Французинот Кристоф Вебер, до највисоките места на скалилото на светските фармацевтски компании.

Здружувањето е од најголемите во секторот на фармацевтските производи, кој во последните месеци стана сведок на неколку зделки со кои големите фармацевтски производители бараат да ја подобрат понудата со ветувачки лекови, развиени од помладите компании.

Новата групација ќе биде лидер во третманот во областа на гастроентерологијата, неврологијата, онкологијата, ретките болести и крвните терапии користени во тешки состојби, како хемофилија.

Конечниот договор е околу 46% во готовина и 54% од акциите, оставајќи ги акционерите на „Shire“ да имаат околу половина од вкупната група.

Инвеститорите во „Shire“ ќе добијат 30,33 долари во кеш и 0,839 нови акции на „Takeda“ за секоја акција која ја поседуваат, соопштија компаниите, оценувајќи ја понудата на 48,17 фунти по акција.

Иако договорот треба да добие поддршка од 75% од акционерите на „Shire“, од кои некои не сакаат да имаа акции на „Takeda“, Вебер пред новинарите изјави дека смета дека инвеститорите ќе го поддржат договорот, гледајќи ги придобивките од стекнувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП