24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Fiesta Active – малиот авантурист (фото+видео)

Ford Fiesta Active – малиот авантурист (фото+видео)

„Ford“ објави нови фотографии од „крос“ верзијата на моделот „Fiesta“ пред стартот на продажбата на овој автомобил на европскиот пазар.

За прв пат во својата 40-годишна долга историја, „Fiesta“ ќе биде достапна и во „крос“ верзија.

Во однос на останатите верзии на овој модел, „Fiesta Active“ има за 18 mm поголемо растојание од земјата и карактеристични додатоци кои се типични за овој вид автомобили – заштитни елементи на долниот дел на каросеријата и браниците, како и шини на покривот.

Покрај тоа, „Active“ верзијата е поширока за 10 mm во нивото на тркалата.

Направени се и одредени подобрувања во системот на суспензија. Предните амортизери се оптимизирани со цел автомобилот полесно да излезе на крај со нерамнините во возењето надвор од асфалтираните патишта.

Во однос на стандардната „Fiestа“, моделот „Active“ има поразличен управувачки систем и електронска контрола на стабилноста.

Возачот на располагање има три предефинирани режими на возење: „Normal“, „Eco“ и „Slippery“ (кои се користат во услови на слабо прицврстување на тркалата, како што е ситуацијата кога на патот има снег и мраз).

Автомобилот е опремен со 17 инчни алуминиумски тракала кои може да се нарачаат во две нијанси – „Rough Metal“ и „Absolute Black“.

Внатрешноста има атрактивен излгед благодарејќи на специјалните спортски седишта со единствени навлаки и украси, контрастни детали во боја на каросеријата.

Како и сите верзии на новата „Fiestа“ („Titanium“, „ST-Line“ и „Vignale“), и моделот „Active“ има мултимедијален систем „SYNC3“ од најновата генерација со осуминчен екран чувствителен на допир, кој нуди можност за поврзување со смартфон.

Понудата на погонски единици опфаќа 1.0-литарски „EcoBoost“ бензинец во верзии со 85 ks, 100 ks, 125 ks и 140 ks, како и 1.5-литарски „TDCi“ дизел во верзии со 85 ks и 120 ks.

Сите мотори се стандардно поврзани со шестбрзински мануелен менувач, а моќта се пренесува на предните тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП