19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕве колку ќе потрошите интернет ако гледате 1 минута видео на Youtube

Еве колку ќе потрошите интернет ако гледате 1 минута видео на Youtube

Количината на мегабајти што ќе ја потрошите за гледање на YouTube видеа зависи од квалитетот, а тоа во секој случај не е мала.

Ако квалитетот на видеото е автоматски, тогаш ќе потрошите над 4 мегабајти по минута на вашиот телефон. Што значи дека еден час гледање е еднаков на 240 мегабајти, или еден гигабајт за 4 часа.

Се разбира, износот на интернет што ќе го потрошите зависи од квалитетот на видеото што го гледате – колку е поголем, толку повеќе ќе изгубите мегабајти од својот интернет.

Видео со лош квалитет (240p) ќе потроши 1.6MB за една минута, но видео со висока резолуција(1080p) ќе потроши повеќе од 12 мегабајти.

Автоматското подесување на YouTube е наместено видеото да се пушта со 480p резолуција.

Погледнете колку мегабајти во една минута ќе ви потроши секоја резолуција:

– 240p – 1.6MB
– 360p – 2.66MB
– 480p – 4MB
– 720p – 7.4MB
– 1080p – 12.4MB

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП