22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаместо во Кина, Иниеста се сели во јапонски Кобе

Наместо во Кина, Иниеста се сели во јапонски Кобе

Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста, кариерата ќе ја продолжи во Јапонија, во екипата на Кобе, објави радиото „Кадена сер“.

Иако, во изминатиот период се шпекулираше дека Иниеста ќе игра во Кина, Чонкинг Лифан се откажал од трансферот, а фудбалерот со Кобе договорил тригодишна соработка. По сезона Иниеста ќе заработува по 25 милиони евра.

„Кадена сер“ наведува дека Хироши Микитани, кој е претседател на Кобе и извршен директор на „Ракутен“ (спонзорот на Барселона), бил присутен на „Ноу Камп“ во неделата, на дербито со Реал.

Тогаш тој го потпишал договорот со Иниеста.

Официјална потврда за ова се уште нема, а според радиото, овој трансфер Барселона ќе го искористи за да отвори свoја фудбалска академија во Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП