14 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba забележа 61% раст на приходите

Alibaba забележа 61% раст на приходите

Кинескиот интернет гигант „Alibaba“ објави зголемување од 61 отсто во заработката во првиот квартал.

Приходите достигнуваат 9,7 милијарди долари, при што зголемувањето доаѓа главно од растот на продажбата во основната дејност на компанијата, објави „ВВС“.

Вообичаено, првиот квартал од годината ја намалува продажбата во „Alibaba“, бидејќи доаѓа по исклучително силен период, поткрепен со еднодневни продажби во ноември – кинески еквивалент на „Црниот петок“.

„Alibaba“ е една од најскапите компании во светот, а нејзините акции двојно ја зголеми својата цена во минатата година.

Кинескиот конгломерат, кој се појави на берзата во Њујорк во 2014-та година, а потоа најголемата јавна понуда на акции во светот, објави раст на приходите за повеќе од 50% секој квартал во текот на изминатите две години.

Сепак, оперативната маргина на компанијата падна од 25% на 15% во текот на изминатите две години.

Ова е прв финансиски извештај на „Alibaba“ по купувањето на 30% од својот платежен бизнис „Ant Financial“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП