
Новиот француски прволигаш Монако се договори со дефанзивецот на Ливерпул, Даниел Агер за негова преселба во тимот од кнежеството.


Новиот француски прволигаш Монако се договори со дефанзивецот на Ливерпул, Даниел Агер за негова преселба во тимот од кнежеството.
Првите луѓе на Монако и данскиот репрезентативец во целост ги договориле личните услови за соработка и останува уште раководството на Ливерпул да го одобри трансферот.
Според медиумите од Англија тимот од Кнежеството е подготвен на „црвените“ да има плати 20 милиони евра за услугите на Данецот.
Иако раководството на тимот од „Енфилд“ е против продажбата на Агер, сепак тој инсистира да си замине од клубот, па најверојатно ќе им се придружи на Фалкао, Мутињо, Родригез и Карваљо, кои веќе потпишаа за Монако.