8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Атлетико и Марсеј во битка за трофејот (видео)

ЛЕ: Атлетико и Марсеј во битка за трофејот (видео)

Екипите на Атлетико Мадрид и Марсеј на 16-ти мај ќе играат во големото финале од Лига Европа, откако „јорганџиите“ славеа минимално над Арсенал, а Олимпик со голот постигнат во продолежението си обезбеди виза за Лион.

Диего Коста чекаше долго за да може да заигра за Атлетико Мадрид оваа сезона по заминувањето од Челси, и сега им врати на „јорганџиите“ со единствениот гол во дуелот со Арсенал по кој шпанскиот клуб е во финалето на Лигата на Европа по 1:1 во Лондон.

Арсен Венгер се надеваше дека со трофеј ќе се прости од Арсенал по 22 години на чело на лондонскиот клуб, но наместо тоа ќе мора да се задоволи со уште две кола во Премиер лигата, пред да замине на ново работно место.

Моментот на одлука се случи во финишот на првото полувреме кога Антоан Гризман му даде совршена топка на Коста, кој немаше проблем да го совлада Оспина за делириум на „Ванда Метрополитано“.

Оваа година два мадридски клубови ќе се борат за европските трофеи, откако Реал Мадрид се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, каде што ќе се судри со Ливерпул.

Олимпик Марсеј на стадионот на еден од своите најголеми ривали Лион, ќе ја брка титулата од Лигата на Европа против фаворизираниот Атлетико Мадрид, откако во драматична завршница успеа да го исфрли мотивираниот тим на Салцбург и покрај 2:1 поразот по продолженијата.

Марсеј допатува во Австрија со 2:0 од „Велодром“ и многумина веднаш би се обложиле дека лесно ќе поминеа во Салцбург, меѓутоа, домашниот тим, чиј главен спонзор е Ред бул реши да не се предаде од стартот на мечот.

Амаду Хајдара во 53. минута од мечот со фантастичен соло-продор успеа да влезе во шестнаесетникот на Марсеј и да донесе водство за домаќините. Во 65. минута од мечот Шлагер шутираше, Бар ја закачи топката и веќе беше 2:0, идентично како на првиот натпревар.

Кога се мислеше дека следуваат пенали, Португалецот Роландо по еден корнер на Димитри Паје постигна гол, што значеше дека Марсеј ќе го игра своето петто европско финале во потрага за втората титула.

Марсеј во 1993 година ја освои Лигата на шампионите, но оттогаш двапати губеше во УЕФА купот – во 1999 од Парма (0:3) и во 2004 од Валенсија (0:2).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП