3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити, Барселона и ПСЖ се најголеми „трошаџии“

Сити, Барселона и ПСЖ се најголеми „трошаџии“

Италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“ направи детална анализа на тоа колку најбогатите клубови во Европа трошат годишно, и очекувано на првите три места се гигантите Манчестер сити, Барселона и Пари Сен-Жермен.

Сити, кои оваа година доминантно ја освоија титулата од Премиер лигата, потрошиле убедливо најмногу – 1.58 милијарди евра, пред Барселона со 1.151 милијарди и ПСЖ со 1.150 милијарди. Над една милијарда потрошиле и уште два премиерлигаши – Челси (1.137) и Манчестер јунајтед (1.018).

Следуваат Реал Мадрид (977 милиони евра), Ливерпул (930 милиони евра) и Јувентус (920 милиони евра), и „Газета“ тврди дека овој збир на клубови кој инвестира над 7 милијарди евра, е заслужна за 20 отсто од парите кои се вртат во светот на фудбалот.

Зад Јувентус на табелата следува драстичен пад во сумите, а во оваа „втора“ класа се италијанските клубови Милан, Интер и Рома со инвестиции од 600 до 700 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП