10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧакир ќе суди во Мадрид, Скомина во Рим

Чакир ќе суди во Мадрид, Скомина во Рим

Словенецот Дамир Скомина и Турчинот Цунејт Чакир ќе бидат задолжени за делење фудбалската правда на полуфиналните реванши во Лигата на шампионите.

Турчинот Чакир со своите помошници утревечер ќе го суди дуелот во Мадрид помеѓу Реал и минхенски Баерн. Предност од 2:1, по првиот натпревар има Реал.

В среда на „Олимпико“ во Рим, Рома ќе го пречека Ливерпул. Англискиот тим првиот меч го доби со 5:2.

Главен судија на овој натпревар ќе биде Словенецот Дамир Скомина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП