8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинезите нудат „вреќа пари“ за Арсен Венгер

Кинезите нудат „вреќа пари“ за Арсен Венгер

Арсен Венгер доби понуда да стане најплатениот менаџер во светот на фудбалот, откако Кинезите се подготвени да платат повеќе од 24-те милиони фунти кои Марчело Липи ги добива како кинески селектор.

Околу иднината на 68-годишниот Венгер има големи шпекулации откако Французинот објави дека се повлекува од позицијата во Арсенал по 22 години на чело на лондонскиот клуб. Венгер заработуваше околу 8 милиони фунти по сезона, но „Дејли мирор“ тврди дека тој би преферирал работа во Франција и Шпанија.

Пари Сен-Жермен се една опција, и францускиот гигант е подготвен да му даде позиција на генерален менаџер кој би соработувал со Томас Тухел, кој е првиот фаворит за местото на Унаи Емери, кој веќе објави дека заминува ова лето. Венгер има соработка со сопственикот на ПСЖ, Ал-Хелаифи, советувајќи го за ТВ-правата.

„Дејли мирор“ оди понатаму и вели дека ниту оваа понуда не е доволна, бидејќи Венгер верува дека преферира менаџерска позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП