21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлускони: Повторно ќе го купам Милан

Берлускони: Повторно ќе го купам Милан

Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони, најавил дека повторно би можел да го купи клубот. Берлускони 30 години беше на чело на Милан, а минатата година тој на кинески конзорциум му го продаде клубот.

Милан оваа сезона не само што нема да ја исполни главната цел, пласман во Лигата на шампионите, туку под знак прашалник му е и учеството во Лига Европа, бидејќи се наоѓа на седмото место на табелата, на четири кола до крајот на Серија А.

Берлускони не крие дека е разочаран од она што Милан го прикажува оваа сезона.

„На крајот повторно ќе го купам Милан. Многумина ме прашуваат зошто го направив тоа. Поради тоа изгубивме добар процент на гласови на неодамнешните избори“, рекол поранешниот сопственик на Милан.

Берлускони на чело на Милан беше од 1986 година, во неговата ера клубот пет пати беше европски првак, осум пати ја освои Серија А, а три пати триумфираше на Светското клупско првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП