15 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAmazon, со двојно поголем профит, ги зголемува трошоците за претплата

Amazon, со двојно поголем профит, ги зголемува трошоците за претплата

Профитот на „Amazon“ за првиот квартал од 2018-та година се зголеми речиси двојно – на 1,6 милијарди долари, соопшти компанијата.

Приходите од продажба, вклучувајќи го и оној од синџирот за храна „Whole Foods“, се зголемија за 43 отсто на 51 милијарда долари.

Растот во Северна Америка изнесуваше 46 отсто, на 30,7 милијарди долари, додека меѓународната продажба се зголеми за 34 отсто.

Бизнисот со облачни услуги на компанијата е продаден за 5,4 милијарди долари, што е зголемување за 49 отсто од претходните 12 месеци.

Меѓу останатите приходи на компанијата, исто така, мора да ги забележиме 2,03 милијарди долари што ги направи компанијата од рекламниот бизнис. Тоа забележа зголемување од 139% во споредба со првите три месеци од 2017-та година.

„Amazon“ објави дека заработил 3,1 милијарда долари годишните претплати по објавувањето во минатата недела дека минале 100 милиони претплатници на „Prime“ услугата.

Членови на „Prime“, кои плаќаат годишни претплати, ќе мора да платат сега 119 долари, наместо досегашните 99 долари. Промената ќе стапи на сила од 11-ти мај, додека сегашните претплатници ќе имаат можност повторно да платат 99 долари за следните 12 месеци.

Само пред неколку месеци „Amazon“ го смени надоместокот за претплатниците, кои плачаат месечно од 10,99 до 12,99 долари.

Компанијата предвидува продажба во опсег од 51 на 54 милијарди долари за вториот квартал од годината, во споредба со 52,2 милијарди долари прогнозите на аналитичарите на „Вол Стрит“.

Акциите на „Amazon“ вчера се зголемија речиси за 4 проценти до 1.517,96 долари за акција. Ова доведе до зголемување на богатството на основачот Џеф Безос со 4,56 милијарди долари на сегашните 126 милијарди долари.

Безос е веќе 35 милијарди долари побогат од Бил Гејтс, кој ја држи втората позиција меѓу милијардерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП