ПочетнаИНТЕРЕСНОБоатенг под знак прашалник за СП во Русија

Боатенг под знак прашалник за СП во Русија

Џером Боатенг поради повреда не го одигра до крај синоќешниот натпревар на Баерн против Реал (1:2), а во четвртокот „Билд“ и „Кикер“, објавија дека рехабилитацијата ќе трае помеѓу четири и шест недели.

Доколку прогонозите се точни, тогаш Боатенг ја заврши клупската сезона, во која Баерн веќе ја освои титулата, а на 19 мај ќе го игра финалето на Купот.

Она што повеќе ги загрижува Германците е веројатноста дека тој ќе го пропуши Светското првенство во Русија каде Германија ќе ја брани титулата.

Националните сојузи до 14 мај мора да ги достават пошироките списоци од 35 фудбалери, а конечните списоци од 23 играчи треба да бидат доставени до 4 јуни.

Актуелниот светски првак, Германија, подготовките за Мундијалот ќе ги почне на 23 мај во Италија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП