ИНТЕРЕСНО

Вардарки ги добија медалите, па си дозволија пораз од Крим

ЖРК Вардар го доживеа првиот пораз во регионалната ВРХЛ лига оваа сезона, откако во Подгорица словенечкиот Крим со 34:29 го совлада трикратниот актуелен шампион во регионалното натпреварување.

Вардарки ги добија и медалите за регионалното натпреварување, откако го освоија трофејот пред последниот мини-турнир во Црна Гора, а сега можат мирно да се подготвуваат за Фајнал фор турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта.

Каремичиева со пет голови беше најдобра во македонскиот тим, додека четири додаде Јованка Радичевиќ.