5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците на Instagram сега може да превземат копии на се што споделиле

Корисниците на Instagram сега може да превземат копии на се што споделиле

Пред неколку недели дознавме за плановите на „Instagram“ да креира алатка за пренос на содржини.

Таа е креирана со цел да одговара на претстојните „GDPR“ правила, кои Европската унија ќе ги воведе во мај, а на корисниците им дава можност да превземат копии од се што некогаш имаат пласирано на овој сервис за споделување на фотографии.

Алатката сега е активна на сајтот, кој е во сопственост на „Facebook“, а кога корисникот ќе ја внесе својата електронска пошта, „Instagram“ ќе му испрати линк до фајлот со фотографии, коментари, информации за профилот и други детали. Корисникот ќе мора да ја има и својата „Instagram“ лозинка, затоа што е потребна за верификација на податоците, при превземањето.

Може да минат и до 48 часа додека се соберат податоците, кои потоа ќе бидат испратени на корисникот. До алатките за „download“ може да се пристапи и преку подесувањата на приватноста во мобилната апликација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП