1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалска класика во Минхен, Баерн против Реал

Фудбалска класика во Минхен, Баерн против Реал

Вечерва во Минхен, Баерн и Реал, ќе го одиграат првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите. Дуелот на великаните е вистинска класика во еврoпскиот фудбал, „тешка“ 17 трофеи во ова натпреварување.

Пресметката во Минхен ќе биде 25-та на овие ривали кои се израмнети според учинокот на претходните 24 натпревари. Баерн и Реал имаат по 11 победи, а две средби завршиле без победник.

Лани играа во четврт-финалето, оваа во полу-финалето. Лани Реал славеше со вкупни 6:3, по контроверзниот реванш, во кој црвен картон доби Видал, а Роналдо постигна два гола од недозволена позиција. Баерн ќе сака да се одмазди, а во клубот потенцираат дека заборавиле на минатогодишниот двомеч .

Баварците веќе ја обезбедија титулата во Германија, ќе играат во финалето на националниот Куп, а помалку срамежливо најавуваат дека ова е годината кога ќе го повторат успехот од 2013-та година, кога покрај домашните титули ја освоија и Лигата на шампионите. И во 2013-ѕс година Баерн од клупата го предводеше Јуп Хејнкенс, човек кој има европска титула и со Реал во 1998-ма година.

„Во мислите ми е само Реал… Не очекува дуел на гиганти, дуел на два тима со голема традиција во европскиот фудбал, дуел на екипи кои играат атрактивен фудбал“, рече Хејнкенс.

За Реал, Лигата на шампионите е посладната надеж дека сезоната може да ја заврши со трофеј, во спротивно натпреварувачката 2017/2018 ќе биде вистинско фијаско, а иднината на тренерот Зидан ќе биде крајно неизвесна.

„Ако два пати станавме европски шампиони, зошто тоа да не го направиме и трет пат?“, се прашува десниот бек на Реал, Дани Карвахал.

Можни состави:

Баерн (4-3-3): Улрајх – Кимих, Хумелс, Ботаенг, Алаба – Мартинез, Тијаго Алкантара, Хамес Родригез – Милер, Рибери, Левандовски

Реал (4-3-3): Навас – Карвахал, Варан, Серхио Рамос, Марсело – Каземиро, Крос, Модриќ – Иско, Бензема, Роналдо

Натпреварот во Минхен ќе започне во 20:45 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП