18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците на кој телефон најмногу трошат на мобилни игри?

Корисниците на кој телефон најмногу трошат на мобилни игри?

Минатата година, просечната цена на телефоните достигна рекорден износ, благодарејќи на моделите од 900+ долари, како што се „iPhone X“, „Note8“ или „Pixel 2 XL“.

Oваа година споменатиот тренд ќе се задржи, а барем во еден сегмент на пазарот ова ќе биде од голема корист – програмерите на мобилни игри.

Корисниците со скапи „Apple“, „Samsung“ и „Google“ телефони, изгледа дека најмногу трошат на игри. Истражувачката компанија „DeltaDNA“ ги анализираше најновите телефони од споменатите производители, кои допринесоа за монетаризација на мобилните игри која е за 270 отсто поголема од индустрискиот просек.

Во споредба со оние, „in mobile free-to-play“ игри покажува дека 2-3% играчите вршат купување во рамките на апликацијата, со просечен „LIV“ (lifetime value ) oд 1,50 долари. Ова е просечен износ на потрошувачка во рамките на апликација во текот на комплетниот процес на користење на истата.

Интересно е дека корисниците на „Pixel 2 XL“ се наоѓаа во врвот на рангирањето со стапка на конверзија од 11% и просечно 3,46 потрошени долари. Во просек, најмногу трошат 6,72 посто од корисниците на „iPhone“, а тоа е речиси четири долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП