25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLancer ќе се врати како хибриден кросовер?

Lancer ќе се врати како хибриден кросовер?

Една единствена слика покажува каква ќе биде иднината на „Mitsubishi Lancer“, а таа покажува едно поинакво битие на моделот досега. „Mitsubishi“ ќе го задржи името на еден од најпопуларните модели, но тој ќе се прероди како кросовер со интересен дизајн и најверојатно – и со хибриден погон.

Идниот „Lancer“ ќе е кросовер од „С“ сегментот и ќе е пазарен ривал на речиси секој автомобил, а се мисли од „Ford Focus“ до „Toyota C-HR“. Јапонскиот бренд веќе е дел од унијата „Renault-Nissan“, а од минатата година забележува и сериозен раст во продажбата.

Растечкиот тренд се очекува да продолжи, бидејќи новиот шеф на „Mitsubishi“, Тревор Ман и главниот дизајнер Цунехиро Кунимото ветија цела плејада нови модели – сите „SUV“ возила на марката ќе имаат наследници, а компанијата ќе претстави нов субкомпактен модел и новиот „Lancer“.

„Имаме планови за развојот на нашата палета до 2025-та година“, изјави Ман за списанието „Auto Express“. „Ќе ги претставиме наследниците на „ASX“, „Outlander“ и пикапот „L200“. А дури потоа доаѓаат „Pajero“ и „Lancer“, додава тој.

„Кај „Lancer“ ќе биде полесно, сметаме дека имаме модел кој ќе мине добро во овој сегмент. Ако се обрне внимание, ќе видите дека продажбата на хечбек моделите од „C“ сегментот не се намалува. Има мал пад во САД и во Европа, но во Кина овој пазар расте. И бидејќи станува збор за голем сегмент на глобално ниво, сметам дека треба да присуствуваме во него“, објаснува Ман.

Новиот „Lancer“ ќе биде изграден врз последната еволуција на платформата „CMF C/D“, дело на „Renault-Nissan“, а таа овозможува користење на систем 4х4 и хибриден погон, со кој „Mitsubishi“ веќе располага. Се претпоставува дека системот за хибриден погон на брендот наскоро ќе се појави и во моделите на „Renault“ и „Nissan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП