4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарди доби шанса и постигна два гола за две минути! (видео)

Барди доби шанса и постигна два гола за две минути! (видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди не играше многу во вториот дел од сезоната за тимот на Леванте, но кога конечно доби шанса, постигна фантастични два гола од слободен удар за да донесе водство на тимот од Валенсија на гостувањето кај Атлетик Билбао. На крајот натпреварот заврши со 1:3 за гостинската екипа.

Домаќините дојдоа во водство уште во осмата минута од мечот преку Раул Гарсија, но финишот на полувремето беше кобен за баскискиот тим – Барди првин во 42. минута, а потоа и во 44. минута, покажа дека е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Ла Лига.

За конечниот резултат и потврдата за победата на Леванте се погрижи Моралес го погодок во 90-тата минута од средба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП