3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал доби засилување пред мечевите со Панатинаикос

Реал доби засилување пред мечевите со Панатинаикос

Кошаркарскиот клуб Реал, во пресрет на дуелите со Панатинаикос во Мадрид, ќе добие големо засилување, откако лекарите дале дозвола Серхио Љуљ да се врати во тимот.

Љуљ, еден од најдобрите играчи на Реал, поради повреда не играше цели осум месец. Плејмејкерот се повреди во август минатата година на подготвките на шпанската репрезентација.

Реал ќе го пречека Панатинаикос во третиот меч од четврт-финалната серија. По првите две средби што се одиграа во Атина резултатот е 1-1. Третиот меч се игра в среда, а четвртиот в петок во Мадрид.

Завршниот турнир во Евролигата ќе се одигра наредниот месец во Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП