15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo Labo пристигна на пазарот, шемите со играчки достапни за печатење (видео)

Nintendo Labo пристигна на пазарот, шемите со играчки достапни за печатење (видео)

По неколку месеци од претставувањето на новото интерактивно искуство, составено само од картон, „Nintendo Labo“ е достапен за купување.

Со помош на „Nintendo Labo“ алатките можете да направите различни играчки, кои може да се поврзат со конзолата „Switch“ и да послужат како целосно нов начин на играње.

За купување е достапен и големиот „Variety Kit“ по цена од 70 долари и со него може да се направи автомобил со далечинско, мал клавир, мотоцикл, куќичка и трска за ловење риби, додека одвоено може да се купи „картон“ за изработка на роботски оддела наменети за децата така со нив да уништуваат згради и авиони.

Се сомневаме дека кај нас ова ќе биде достапно за купување, но „Nintedno“, за среќа објави многу бесплатни шематски планов кои можете слободно да ги отпечатите и да ги направите играчките.

Доколку оваа направа од картон ви звучи чудно, без грижи, затоа што тука е Бил Нај – „the Science Guy“ кој ќе ви објасни за што станува збор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП