4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал преговара со Луис Енрике?

Арсенал преговара со Луис Енрике?

Арсен Венгер вчера објави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Арсенал. Објавата израдува голем број на фановите на славниот лондонски клуб, а најважното прашање во овој момент е кој ќе го наследи Венгер.

Францускиот тренер е рекордер според бројот на натпревари на клупата на еден клуб во Премиер лигата. Тој Арсенал го предводи 22 години.

Медиумите пишуваат дека главен фаворит за неговото место е Луис Енрике. Шпанецот бил во добри односи со новиот шеф за фудбалски прашања Раул Санлехи. Наводно Енрике веќе имал разговори со преставниците на Арсенал, а она што засега е пречка е платата. Имено, Шпанецот ја побарал плата каква што имал Венгер.

Енрике е поранешен тренер на Барселона Б, Рома, Селта и Барселона. Со Барселона за три сезони успеа да освои девет трофеи, вклучувајќи го и оној во Лигата на шампионите.

Покрај Луис Енрике, како можни наследници на Венгер се споменуваат Карло Анчелоти кој е без работа од октомври минатата година, како и актуелниот менаџер на Селтик Брендан Роџерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП