22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарци со пет играчи и со тренерот во конкуренција за тимот на...

Вардарци со пет играчи и со тренерот во конкуренција за тимот на сезоната!

Носителот на европската титула, РК Вардар, доминира во предложениот најдобар тим за сезоната во Лигата на шампионите, во избор на ЕХФ.

Бидејќи се гласа по позиции, во игра за најдобриот тим се голманот Арпад Штербик, левото крило Тимур Дибиров, левиот бек Вуко Борозан, централниот бек Лука Циндриќ и дефанзивецот Илија Абутовиќ. Во изборот, секако, е и стратегот на „црвено-црните“, Раул Гонзалес.

Гласањето за најдобриот тим во Лигата на шампионите е отворено и можете да учествувате и вие преку линкот на ЕХФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП