26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMoto G6 Plus доаѓа со прифатлива цена и чист софтвер Android Oreo

Moto G6 Plus доаѓа со прифатлива цена и чист софтвер Android Oreo

„Motorola“ официјално претстави три нови телефони од средна класа, а се дел од семејството „Moto G6“. Oд трите нови телефони, моделот „Moto G6 Plus“ пристигнува со најдобри карактеристики, но и натаму е дел од прифатливиот среден сегмент.

„Moto G6 Plus“ е со најголемиот дисплеј во серијата „G6“ – „IPS“ екран со големина од 5.9-инчи, има 1080p Full HD+ резолуција и 18:9 oднос на страните на екранот. Телефонот е опремен и со најмоќниот чипсет, а тоа е „Snapdragon 630“. Со моќниот чипсет пристигнува и верзија со повеќе „RAM“, па така се достапни модели со 4GB и 6GB меморија.

Моделот „Moto G6 Plus“ исто така добива и најдобри камери – систем со 12MP + 5MP сензори на задната страна (1.4µm пиксели). Камерата ја одликува „Dual Pixel“ автофокусот и можноста за снимање „4K“ видео содржини. На предната страна се наоѓа 8MP „селфи“ камера, со филтри за лице и снимање на 1080p видео.

„G6 Plus“ е потенок од стандардниот „G6“ модел (8 милиметри наспроти 8,2 милиметри) и има поголема батерија со капацитет од 3200mAh. Во пакувањето е вклучен и 15W TurboPower полнач, заедно со „USB-C“ кабел.

„Motorola Moto G6 Plus“ телефонот е достапен во верзии до 128GB простор за складирање, а сите верзии имаат и слот за „microSD“ картичка. Tука е и чистата „Android 8.0 Oreo“ верзија на софтверот, сензорот за отпечаток на прстот под екранoт и „P2i“ заштитата од прскање со вода.

Телефонот „Moto G6 Plus“ од првата недела на мај ќе биде достапен по цена од 300 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП