27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски ќе паузира од четири до шест недели

Несторовски ќе паузира од четири до шест недели

Капитенот на Палермо, Илија Несторовски, ќе отсуствува од фудбалските терени помеѓу четири и шест недели, поради повредата на бутниот мускул на десната нога.

Несторовски се повреди минатата недела на натпреварот против Читадела (0:0). Тогаш тој го напушти теренот по половина час игра.

Отсуството на Несторовски ќе преставува голем проблем за Палермо во обид да избори директен пласман во Серија А.

Палермо во моментов се наоѓа на делба на третото место, во Серија Б со екипата на Парма. Двата тима имаат по 60 бода, два помалку од вторпласираната екипа на Фросиноне.

Несторовски е прв стрелец на Палермо оваа сезона со 13 постигнати гола.

Доколку Палермо успее да избори директно враќање во Серија А, тогаш оваа сезона за Несторовски е завршена, во спротивно тој ќе може да му помогне на тимот во баражот за пласман во повисок ранг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП