20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar XE 300 Sport со 296 KS (фото+видео)

Jaguar XE 300 Sport со 296 KS (фото+видео)

„Jaguar“ го откри новиот „300 Sport“ спортски стил за моделите „XE“, „XF“ и „XF Sportbrake“.

Кога станува збор за моделот „XE“, покрај декоративните делтали, главниот се наоѓа под хаубата, а станува збор за најмоќниот агрегат на „Jaguar“, 2,0-литарскиот четирицилиндричен мотор со 296 KS и 400 Nm вртежен момент.

Зa разлика од верзијата „XE S“ со „V6“ мотор која има погон само на задната осовина, „XE 300 Sport“ доби погон на сите четири тркала што му овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди.

Оваа „300 Sport“ линија доби и ексклузивни 19-инчни и 20-инчни алуминиумски бандажи, како и црни детали на ретровизорите, спојлерот и во рамките на предната маска.

Што се однесува до внатрешноста, таа е освежена со жолти шефови на воланот, седиштата и панелите на вратите, а како стандарден дел од опремата е и 10-инчниот „Pro“ мултимедијален систем.

Што се однесува до моделите „XF“ и „XF Sportbrake“, тие под хаубата имаат 3,0-литарски „TDV6“ дизел со исто така 296 KS, но и 700 Nm со идентични украси на ентериерот.

Почетната цена на „XE 300 Sport“ во Велика Британија ќе биде 45.160 фунти, што е околу 51.900 eвра според моменталниот курс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП