2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрмстронг се догoвори со обвинителството

Армстронг се догoвори со обвинителството

Поранешниот американски велосипедист, Ленс Армстронг, чија кариера неславно заврши, откако призна дека со години користел допинг, се спогодил со обвинителството по тужбата на спонзорот, американскиот „УС постал сервис“.

Американското федерално обвинителство објави дека Армстронг, бидејќи извршил измама со користењето на недозволени сретства за подобрување на своите перформанси во велосипедизмот, на „УС постал сервис“ ќе треба да му плати пет милиони долари.

На овој начин заврши повеќегодишниот судски спор што го покренаа „УС постал сервис“ и уште еден компромитиран велосипедис Флојд Лендис, како и американската влада.

Во тужбата против Армстронг „УС постал сервис“ бараше обесштетување од 100 милиони евра, но на крајот е прифатена значително помала сума, а целиот случај конечно заврши.

Армстронг беше еден од најуспешните велосипедисти во историјата, со седум победи на престжната трка „Тур д’Франс“. Низ годините постоеја сомнежи дека користи допинг, но дури во 2012 година беше откриена неговата софистицирана шема за употреба на забранети сретства.

Откако измамата беше откриена, Армстронг во 2013 година јавно признал дека користел допинг. Потоа му беа одземени сите титули и избришани резултатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП