28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни евра што претставува зголемување за 105% во однос на претходната година.

Во изминатата година сите членки – банки на НЛБ Групацијата работеа профитабилно и придонесоа кон постигнатиот резултат, со учество од 40% во вкупната нето добивка. НЛБ Банка АД Скопје значително придонесе кон вкупната добивка на НЛБ Групацијата со рекордната нето добивка од 34,6 милиони евра по локалната метoдологија или 40 милиони евра по НЛБ методологијата.

Како потврда за одличните резултати, НЛБ Банка АД Скопје на Europe Banking Awards 2017, втора година по ред е прогласена за Најдобра банка во Македонија од финансискиот магазин ЕМЕА.

Клучен придонес во зголемување на добивката на НЛБ Групацијата за 2017 година имаат одличните резултати од продажбата на банкарски и небанкарски продукти, подобрување на трошковната ефикасност, како и доброто управување со портфолиото на проблематични пласмани. Истовремено, имајќи ја предвид стратегијата на НЛБ која во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти, континуирано и посвeтено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент.

НЛБ Банка АД Скопје и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и креативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредувањето на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ја осовременува и проширува мрежата на експозитури на Банката. На тој начин на своите клиенти им дава избор да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на работење со Банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП