4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Коло нема да игра до крајот на серијата со Химки

Де Коло нема да игра до крајот на серијата со Химки

Најдобриот играч на ЦСКА Москвa и еден од најсериозните кандидати за МВП наградата во регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига, Нандо де Коло, ќе ги пропушти остатантите натревари од четврт-финалната серија против Химки.

Францускиот репрезентативец, во вторникот, кога ЦСКА и Химки го играа првиот натпревар го повреди скочниот зглоб.

Клубот објави дека поради сериозноста на повредата, Де Коло ќе паузира помеѓу три и четири недели.

ЦСКА го доби првиот меч со 98:95, вториот се игра вечерва, а третиот меч е закажан за 25.април. Термините за четвртиот и петтиот натпревар се 27.април и 1.мај.

Завршниот турнир во Евролигата ќе се одигра од 18. до 20.мај во Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП