ПочетнаИНТЕРЕСНОВаленсија го назначи Ѓукиќ за нов тренер

Валенсија го назначи Ѓукиќ за нов тренер

gjukic

Валенсија го назначи српскиот стратег Мирослав Ѓукиќ за нов тренер, соопштуваат медиумите на Пиринеите.

47-годишниот Србин го напушти Валјадолид на крајот на сезоната во Примера дивизион и го наследува Ернесто Валверде на чело на „лилјаците“. Официјалното претставување на Мирослав Ѓукиќ пред медиумите е закажано за утре.

„Валенсија има голем тим и можеме да постигнеме големи нешта. За мене беше сон да се вратам во Валенсија. Ова е мојот дом“, изјави поранешниот играч на „лилјаците “.

Тој настапуваше за тимот од „Месталја“ во периодот од 1997-та до 2003-та година. Ѓукиќ во дресот на Валенсија одигра 157 натпревари и постигна 4 гола во шпанското првенство.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП