24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШест работи кои Google Pixel 2 ги прави подобро од Samsung Galaxy...

Шест работи кои Google Pixel 2 ги прави подобро од Samsung Galaxy S9 (видео)

Новинарот на „Business Insider“, Антонио Вилјас-Боаз веќе подого време ги поседува смартфоните „Google Pixel 2“ и „Samsung Galaxy S9“. Еве кои карактеристики на „Google Pixel 2“ ги смета на понапредни во однос на „Galaxy S9“.

1. „Pixel 2“ го стартува „Android“ така како што „Google“ го предвидел

Тој наведува дека „Pixel 2“, со оглед на тоа дека го произведува „Google“, нуди чисто „Android“ искуство. Овој оперативен систем значително е побрз на овој телефон, во споредба со верзијата која се користи во „Galaxy 9“.

2. Сопствениците на „Pixel 2“ ги добиваат сите „Android“ подобрувања веднаш кога ќе ги објави „Google“

„Тоа е нешто со што ниту еден друг производител не може да се пофали, а „Galaxy S9“ е вистински пример за тоа. На пример, пристигнува со постара верзија на „Android – 8.0“, и нема да добие надоградба во следните неколку месеци, додека кај „Pixel 2“ веќе е застапена верзијата „8.1“. Од друга страна, важно е да се напомене дека на „Galaxy S9“ се застапени бројни фукции кои „Pixel 2“ ги нема“, вели Вилјас-Боаз.

3. „Galaxy S9“ го нема „Google Home“ копчето кое е застапено кај „Pixel 2“

„Тука е копчето „Bixby Home“, кое се одбидува да го направи истото што и „Google Home“, но, искрено кажано, не ни одблиску така добро. Штотуку минав низ сите работи кои „Bixby“ сакаше да ми ги покаже, и не пронајдов ништо интересно. На крајот едноставо ја исклучив опцијата „Bixby Home“, но за жал „Google Home“ не може да ја замени“.

4. „Pixel 2“ можеби нема позната камера, но е подобра од камерата која ја има „Galaxy S9“

„Фотографиите кои ги брави „Pixel 2“ се подлабоки, со поживи бои и динамичен контраст. Од друга страна, бојата на фотографиите кои ги прави „Galaxy S9“ изгледаат бледо, контрастот е многу политок во споредба со оние на „Pixel 2“.

5. Сензорот за отпечаток на прстот на „Pixel 2“ е значително супериорен

Сезнорот за отпечаток на прстот на „Pixel 2“ е побрз и попрецизен. Додека кај „Galaxy S9“ побарува и друг обид и генерално е побавен. Тоа можеби се чини како тривијална работа, но замислете на тоа колку пати во текот на денот го отклучувате телефонот. „Galaxy S9“ на тоа поле ќе биде фрустирачки бавен и несигурен“.

6. „Pixel 2“ e полесен

„Значително го ценам убавиот премиум дизајн на смартфонот „Galaxy S9“, но овој телефон е значително потежок од „Pixel 2“. Тоа нормално, не значи дека ќе ви испадне од рака додека го користите, но „Pixel 2“ генерално е поудобен за употреба“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП