3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООд 2020-та ќе се воведе зимска пауза во Премиер лигата

Од 2020-та ќе се воведе зимска пауза во Премиер лигата

Плановите за воведување 14-дневна пауза во Премиер лигата би можеле да бидат претставени по завршувањето на сезоната, објавија британските медиуми. Би-би-си пишува дека зимската пауза во Премиер лигата би можела да биде водедена на почетокот на 2020 година.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го разгледала и овој предлог кога претходно било договрено натпреварите од петтата рунда во ФА-купот да се играат во текот на работната недела и да нема реванш доколку нема победник.

Реванш-дуелите во ФА-купот ќе останат во третото и четвртото коло.

ФА долго време ја пласира идејата за зимска пауза, каква што постои во цела Европа. Во владејачкото тело на англискиот фудбал се убедени дека играчите се истрошени од напорниот ритам поради што се преморени за натпреварите во европските купови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП