17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуда среда во Серија А – „класика“ во Фиренца, ножички за Кротоне,...

Луда среда во Серија А – „класика“ во Фиренца, ножички за Кротоне, асистенција за Пандев (видео)

Мечевите од 33. коло во Серија А донесоа многу интересни и израмнети дуели, но дефинитивно мечот во Фиренца меѓу Фиорентина и Лацио ќе остане запаметен по седумте гола, по 3:4 победата на гостите од Рим и по двата црвени картони.

Покрај тој меч, Наполи се враќаше од негатива за да стигне до 4:2 победа над Удинезе, што комбинирано со 1:1 ремито на Јувентус кај Кротоне значи дека разликата на „бјанконерите“ на врвот на Серија А е само четири поени за интересен финиш на шампионатот.

Фиорентина-Лацио започна со црвен картон за домаќините откако Марко Спортиело во седмата минута во обид да спречи шанса на гостите играше со рака и доби црвен картон. Сепак, Лацио ова не го искористи и веќе во 14. минута силите беа израмнети кога Алесандро Мурџа направи намерен прекршок во ситуација кога противничкиот напаѓач беше сам пред голот.

Потоа следуваше голеадата – Жордан Верету постигна хет-трик за „Виола“, но тоа не беше доволно за победа, откако Лацио се врати со два гола во второто полувреме за да направи пресврт од 3:2 на 3:4, откако прво покажаниот пенал во 60. минута беше „отповикан“ преку ВАР системот. Да не заборавиме, црвен картон доби и тренерот на Лацио, Симоне Инзаги.

Наполи се враќаше од 1:2 негатива по 64 минути игра за да ги совлада Удинезе, додека Кротоне успеа да ги „задржи“ Јувентус откако Нигериецот Сими постигна одличен гол со ножички во 65. минута за да ја поништи предноста на Јуве добиена преку Алекс Сандро во 17. минута.

Торино и Милан одиграа 1:1 во малото дерби, додека Горан Пандев имаше одлична асистенција за Џенова, но „Грифоне“ загуби со 2:1 на гостувањето кај Рома.

СЕРИЈА А, 33.КОЛО

Беневенто – Аталанта 0:3

Рома – Џенова 2:1

Кротоне – Јувентус 1:1

Фиорентина – Лацио 3:4

Наполи – Удинезе 4:2

Сампдорија – Болоња 0:0

СПАЛ – Киево 0:0

Торино – Милан 1:1

Верона – Сасуоло 0:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП