25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ покрај зголемувањето на приходите, IBM ги разочара инвеститорите

И покрај зголемувањето на приходите, IBM ги разочара инвеститорите

Реструктуирањето на „IBM“ ги дава првите плодови. Во вторникот, компанијата објави зголемување од 5,1 отсто на приходите на 19,1 милијарда долари за првиот квартал, надминувајќи ги очекувањата на приходите на аналитичарите од 18,8 милијарди долари.

Така, приходите се 5% над оние постигнати пред една година, но ако ефектите од девизниот курс се елиминираат, нема раст. Сепак, високите трошоци за реструктуирање на компанијата ја намалија добивката за четири отсто на 1,7 милијарди долари, објави „Bloomberg“.

И покрај растот на приходите, кварталниот извештај не беше добро прифатен од страна на инвеститорите, главно поради можностите за бизнис. „IBM“ предвидува прилагодена заработка по акција од најмалку 13,80 американски долари во 2018-та година, што беше под очекувањата на аналитичарите. Акциите привремено се намалија за повеќе од шест проценти во берзанската сесија.

Компанијата со седиште Њујорк, изјави дека прилагодената заработка по акција изнесуваше 2,45 долари за четвртиот квартал, што е за 4 отсто повеќе во споредба со претходната година. Аналитичарите очекуваат просечна добивка од 2,42 американски долари по акција, според податоците собрани од „Bloomberg“.

„Додека одеше во вистинска насока, реинкарнацијата на „International Business Machines Corp“ се уште не се оствари“, вели Даниел Ивс, аналитичар во „GBH Insights LLC“, во белешка до своите клиенти. „Силната трпеливоста за способноста на „IBM“ да направи пресврт е мала, а пресвртот – е толку недостижен досега“.

Профитната маргина се намали за 0,6 процентни поени на 43,2%. Претходно оваа година, главниот финансиски директор Џејмс Кавано изјави дека маргината ќе се стабилизира „веднаш“ во првиот квартал.

Областа на бизнис раст е 14%, што е помала од просекот од 24% во 2017-та година, изјави аналитичарот на „Bloomberg Intelligence“, Анураг Рана. „Ова се однесува на стратегијата на „IBM“ за хибридни облаци“, додаде тој.

За време на конференциски повик, Кавано ги сумираше прашањата на аналитичарите за маргината и дали приходите би можеле да продолжат да се зголемуваат. Тој го истакна растот во деловните единици на компанијата и рече дека проблемите и поделбата со сервери на „IBM“ и складирањето на податоци и бизнис консултантски услуги се дел од предизвикувачите на кварталот.

Кавано ја опишува целокупната слика како позитивна и рече дека целта на извршниот директор Џини Ромети да оствари околу половина од приходите, или 40 милијарди долари од нови бизниси, се развива добро.

„Ова е добар почеток за годината“, рече Кавано. „Ние сме подготвени да ги реализираме овие 40 милијарди долари порано од 2018-та година. Овие нови бизниси учествуваа со 47 отсто од приходите во изминатите 12 месеци“, истакна тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП