16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПостариот до помладиот Ферстапен: Макс треба да го вклучи мозокот

Постариот до помладиот Ферстапен: Макс треба да го вклучи мозокот

Таткото на Макс Ферстапен, возачот на Ред бул, Јос го посоветува својот син да размислува повнимателно откако неговите активности на првите три трки од сезоната предизвикаа критики од возачите.

20-годишниот Холанѓанец доби казна од 10 секунди на Кинеското ГП во неделата откако се судри со лидерот во генерален пласман Себастијан Фетел во Ферари извртувајќи ги двата болиди. Покрај тоа, тој имаше и „блиска средба“, втора во две трки, со актуелниот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес.

„Беше невозможно да го претекне Фетел таму. Тоа беше погрешна проценка и во некои ситуации Макс едноставно мора да размислува малку повеќе. Не сакам да го смени стилот на возење, бидејќи помина двајца возачи на стартот и тоа го направи совршено. Тоа сакаат сите да го гледаат. Но, такви обиди за претекнување не се за во Ф1. Мора да размислува“, изјави Јос во интервју за холандската ТВ „Зиго“.

Претходно, од Ред бул посочија дека Ферстапен пропушти победа поради тој обид да го претекне Фетел и поранешниот шампион Нико Розберг вели дека критиките не треба да бидат преостри.

„Направи грешка, го собра лидерот во генерален пласман и неговиот колега победи на неверојатен начин. Ова ќе биде тешко научена лекција и еден од тие денови во кои се забележува неговото неискуство. Меѓутоа, тој е неверојатен возач, кој мора да само да ја намали агресијата и да ги покаже другите квалитети. Вака не може да продолжи“, објаснува Розберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП