7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФинансиските резултати на Johnson & Johnson ги надминаа прогнозите

Финансиските резултати на Johnson & Johnson ги надминаа прогнозите

Американскиот производител на фармацевтски и производи за широка потрошувачка „Johnson & Johnson“ забележа подобар од очекуваниот профит за првиот квартал и ја зголеми прогнозата за годишната продажба, поддржана од зголемената побарувачка на нејзините лекови против рак, пренесува „Reuters“.

Фармацевтската продажба на „J&J“ се зголемила за 3,8% до 3,04 милијарди долари на годишно ниво како резултат на продажбата на лекови против рак како „Darzalex“, „Imbruvica“ и „Zytiga“ кои скокнаа за 45% до 2,31 милијарди во првите три месеци од годината.

„J&J“ ја зголеми прогнозата за годишната продажба во опсег кој се движи од 81,0 милијарди долари до 81,8 милијарди долари во однос на претходната прогноза од 80,6 до 81,4 милијарди долари.

Без еднократните ефекти, компанијата заработи 2,06 долари по акција. Просечната проценка на аналитичарите изнесуваше 2.02 долари по акција, објави „Thomson Reuters“.

Вкупната продажба во првите три месеци скокна до 20,01 милијарди долари од 17,77 милијарди долари една година порано, што е над прогнозите на аналитичарите за 19,46 милијарди долари.

Нето добивката сепак бележи пад до 4,37 милијарди долари, или 1,60 долари по акција, од 4,42 милијарди долари, или 1,61 долари по акција, од пред 12 месеци.

„Имавме многу силен квартал. Ја внесовме инерцијата од 2017-та во 2018-та година, а фармацевтскиот бизнис продолжува да бележи одлични резултати“, изјави главниот извршен директор на „J&J“, Доминик Карузо.

Акциите на „J&J“ се зголеми за 1,1 отсто на 133,25 долари во претходна трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП