12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо решил да го продаде Погба

Мурињо решил да го продаде Погба

Новинарот Крис Вилер во ексклузива за весникот „Дејли мејл“ пишува дека Пол Погба летово ќе го напушти Манчестер јунајтед. Според новинарот, менаџерот Жозе Мурињо повеќе немал трпение и немало да се противи доколку Погба замине од „Олд Трафорд“.

Вилер своите тврдења ги поткрепил со изјавите на Мурињо по шокантниот пораз на Манчестер јунајтед од ВБА (0:1) по кој градскиот ривал Манчестер сити на пет кола до крајот на првнството и теоретски ја обезбеди шампионската титула.

„Играчите што ќе играат јас ги избирам само според еден критериум, односно според тоа какви се на теренот. Не ме интересира колку некој е платен или колкава е неговата неделна плата или кој е најубав. Викендов играме против Тотенхем во полуфиналето во ФА-купот. Тоа значи дека тие што в среда ќе играат добро против Борнмут, ќе играат и против Тотенхем. Но, против ВБА имаше многу играчи кои не беа добри и за кои ќе нема да има место во тимот против Борнмут“, рекол Мурињо.

Пол Погба во неделата против ВБА на теренот беше 58. минута кога Мурињо го повлече од теренот.

Францускиот репрезентативец во Манчестер јунајтед пристигна во јули 2016 година од Јувентус за сума од 105 милиони евра.

Погба не импресионира никого во клубот во првата сезона, а тоа го прави и оваа поради што челниците сериозно размислувале да го продадат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП