Корејскиот концерн во областа на високата технологија – „Samsung“ се насочува кон две нови целни групи – стари лица и студенти кои се подготвуваат за испити и вниманието да им е насочено кон учењето. За нив, компанијата го лансира „Galaxy J2 Pro“ – првиот паметен телефон кој не може да користи интернет.
Во соопштението за печатот е јасно дека телефонот го блокира мобилното поврзување преку „3G“, „LTE“, па дури и „WLan“. Ова треба да им помогне на учениците да се концентрираат на учењето. Телефонот, исто така, мора да ги задоволи потребите на постарите граѓани, кои, според „Samsung“, често имаат загриженост за нивните лични податоци.
„J2 Pro“ ги изведува основните функции – Со офлајн телефонот, можете да примате и да остварувате повици, да праќате „SMS“ пораки, да фотографирате и да снимате. За таа цел телефонот има 5-инчен „AMOLED“ дисплеј со „qHD“ резолуција, слот за „micro SD“ картичка, задна камера од 8 мегапиксели, како и предна од 5 мегапиксели.
Изненадувачки, „Samsung“ ќе го лансира овој паметен телефон засега само во технолошки напредниот домашен пазар.
„Samsung Galaxy J2 Pro“ ќе чини околу 150 евра и ќе биде достапен во црна и златна боја.