18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИниеста по крајот на сезоната оди во Кина?

Иниеста по крајот на сезоната оди во Кина?

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста откри дека веќе донел одлука за својата иднина, но ќе ја објави на крајот на сезоната.

Пред халфот има две можности – да остане за уште една последна сезона или да прифати понуда за две-три години во странство, најверојатно Кина.

– Веќе знам што ми претстои. Но ќе го соопштам тоа, кога ќе проценам – прво на клубот, потоа на тренерот, а потоа на целиот свет. Секој може да ги сфати моите зборови како што сака, изјави 34-годишниот фудбалер.

На „Камп Ноу“ веќе се подготвени со неговиот заменик. До крајот на 2018-та на неговата позиција веројатно ќе играат Филипе Кутињо, Денис Суарез или Андре Гомес, а потоа каталонците ќе се потпираат на новото засилување, Артур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП