29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMG се враќа на светската сцена со атрактивен кросовер (фото)

MG се враќа на светската сцена со атрактивен кросовер (фото)

Заборавениот од сите британски бренд „MG“ се враќа на сцената под „капата“ на кинеската компанија „SAIC“.

„MG“ во последниве години беше застапен главно во Кина, но и со мизерна продажба во Велика Британија, но полека растат амбициите на компанијата и се подготвува повторно да се претстави на запад.

Важен чекор на тој пат е кросоверот наречен „X-Motion“, кој се очекува да дебитира на Саемот за автомобили во Пекинг на крајот од овој месец.

Овој концепт е заснован на „SUV“ моделот на „SAIC“ – „Roewe RX8“, кој има 2.0-литарски турбобензинец со 225 KS и 360 Nm, a би требало да претставува основа за серискиот модел.

„MG X-Motion“ би можел веќе следната година да се најде во сериско производство за кинескиот пазаар, но „SAIC“ има во план да го пласира и на запад каде според цената би можел да биде пристојна алтернатива за „SUV“ моделите, како што е „Audi Q7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП