8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛаказет: Ако освои трофеј Венгер ќе остане

Лаказет: Ако освои трофеј Венгер ќе остане

Арсен Венгер, повече од две децении е на клупата на Арсенал, но веројатно ќе мора да отстапи од функцијата по завршувањето на сезоната поради неубедливите резултати што ги постигнува тимот.

Арсенал во моментов се наоѓа на шестата позиција во Премиер лигата, што не ги задоволува апетитие на челниците и навивачите. Она што може да му ја спаси сезоната на Арсенал е Лига Европа каде го очекува полу-финалниот двомеч со Атлетико Мадрид.

„Со освојувањето на Лига Европа Венгер би останал да работи во клубот, бидејќи тој е најзаслужен за сите успеси на Арсенал. Тој трофеј би ни ја спасил сезоната, не стоиме добро во Премиер лигата“, рекол францускиот напаѓач Александар Лаказет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП