27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЌе почекаме уште некое време за новиот Sony PlayStation

Ќе почекаме уште некое време за новиот Sony PlayStation

Додека компаниите „Sony“ и „Microsoft“ поддршката за своите конзоли ја обезбедуваат повеќе години од почетокот на нивното производство, новите модели на овие гејминг уреди обично се прикажуваат некаде на половина на животниот циклус на актуелните конзоли.

Иако поддршката за старите конзоли и натаму се нуди, фокусот постепено се пренасочува од претходните на новите модели. А така ќе биде и со следната генерација на конзолата на „Sony“ – „PlayStation 5“.

Таквиот пазарен пристап е тоа што купувачите на конзоли го имаат на ум кога одлучуваат за нивното купување.

Меѓутоа, се чини дека ова нема да биде случај со новиот модел на „Sony“. Имено, оние кои се уште не купиле „Sony PlayStation 4“ за тоа најверојатно ќе имаат „фора“ уште неколку години, пишува „Ubergizmo“.

Веста, која пристигнува од Кина, вели дека од неколку извори е потврдено дека „PlayStation 5“ не треба да се очекува на пазарот пред 2020-та година.

Одредени аналитичари сугерираат дека „PS5“ би можел да се појави и во текот на 2019-та, но изворите од Кина велат дека конзолата дефинитивно нема да се појави во текот на оваа, а ни следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП