Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Добри сообраќајни навики кои ве прават безбеден возач

Време: 12:12

Датум: април 13, 2018

Категорија: АВТОБИЗ

Да бидеш добар возач не значи само да располагаш со добри возачки вештини и техники туку и да бидеш безбеден возач кој ги почитува сообраќајните правила и прописи, возач кој ги почитува останатите учесници во сообраќајот, кој е толерантен и кој секојдневно демонстрира високо ниво на  култура и етика во сообраќајот.

Со цел да ги разбуди добрите сообраќајни навики Републичкикот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  ги потсетува возачите:

  • Кажете му „Не“ на мобилниот телефон додека возите. Користењето на мобилниот телефон за време на возењето е најчеста и најлоша навика кај возачите и за жал, честопати претставува причина за предизвикување на сообраќајни незгоди. Затоа, бидете одговорен возач и оставете го телефонот далеку од вас, одлогирајте се од социјалните мрежи, бидете концентриран возач и уживајте во возењето.
  • Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината, затоа што нивното прекршување е опасно, небезбедно и се казнува со соодветна санкција согласно ЗБСП. Бидете смирен возач, прилагодете ја брзината на патот за безбедно и навремено да пристигнете на посакуваната дестинација.
  • Намалете ја брзината на возилото секогаш кога сте во близина на пешачки премин, во близина на училиште, кога немате доволна прегледност на ситуацијата или кога се приближувате на крстосница без разлика дали имате првенство на минување или не. Задолжително застанете на знакот „ СТОП“ .
  • Користете безбедносен појас. Добриот возач не само што секогаш користи појас туку ги задолжува и останатите патници во возилото да го направат истото.
  • Држете безбедно растојание. Безбедното растојание значи можност да се застане возилото навремено и безбедно без нагли дејствија.
  • Редовно одржувајте и чистете ги светлата на возилото. Чистите светла помагаат за подобро видно поле на возачот особено кога видливоста е помала од 150 метри, кога врне,  за време на зајдисонце и изгрејсонце,  итн.
  • Секогаш проверувајте ги гумите, маслото и водата. Имајте навика редовно да ги проверувате притисокот на гумите, нивото на маслото и водата секој пат кога ќе  наполните гориво на  бензинската пумпа.  На тој начин ќе избегнете непријатни ситуации при патувањето, а возило ќе ви биде технички исправно.
  • Немојте да консумирате храна и пијалоци додека возите и избегнувајте да пушите цигари додека го управувате возилото. Пушењето цигари и консумирањето на храна и пијалоци за време на возењето ве деконцентрира и ве прави расеан и невнимателен возач.
  • Немојте да возите изморени. Искусните и пред се одговорните возачи секогаш наоѓаат врема да се одморат и да патуваат полни со енергија. Не го потценувајте уморот и не ги преценувајте вашите  возачки способности.
  • Гласната музика може да ја намали способноста на возачот да реагира на ненадејни или неочекувани движења или случувања на патот. Затоа, намалете ја музиката и вниматело слушајте и следете ја сообраќајната околина додека возите.
  • Правилно престројување. Секое погрешно престројување значи поголем сообраќаен метеж и го загрозува безбедното одвивање на сообраќајот.
  • Секогаш пред промена на правец користете трепкачи. Користењето на трепкачите помага за подобра комуникација со останатите учесници во сообраќајот и негово непречено и безбедно одвивање.
  • Користете ги трите огледала за прегледност, особено во ситуации кога возите назад, пред да свртите, пред да се одлучите да престигнувате или пред да застанете.
  • Застанете дури и на зелено светло на семафорот ако сообраќајот е заглавен и ако со вашето поминување дополнително го закочувате.
  • Паркирајте внимателно и културно. Не паркирајте на тротоар, на улица, пред влез на зграда или куќа, на порта, на велосипедска патека/лента или пешачки премин, а особено не паркирајте на места резервирани за лицата со ограничени можности.

РСБСП со апел: Однесувањето во сообраќајот е одраз на личната култура на секој возач. Добрите сообраќајни навики ве прават подобар и почитуван човек, а истовремено и побезбеден возач. Затоа, разбудете ги добрите сообраќајни навики во себе и бидете позитивен  пример за другите учесници во сообраќајот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Низ Скопје помина конвој на електрични возила

    Низ Скопје помина конвој на електрични возила

    Новите технологи во мобилноста веќе се присутни во нашата држава, но треба да најдеме сили да станат подостапни за граѓаните преку директни субвенции од власта.…

  • Mercedes ја претстави првата спортска верзија на A-Class (фото+видео) 

    Mercedes ја претстави првата спортска верзија на A-Class (фото+видео) 

    Компанијата од Штутгарт го претстави најдостапниот модел во својата гама во верзија од спортската поделба „AMG“ – „A 35 4Matic“. Возилото доби нов турбомотор и…

  • Новиот Opel Combo прогласен за Меѓународниот ван на годината 2019

    Новиот Opel Combo прогласен за Меѓународниот ван на годината 2019

    IAA Саем на комерцијални возила: Генералниотизвршен директор на Opel, Мајкл Лохшелер ја прими посакуваната награда IVOTY жири: 25 Новинари од 25 европски земји Претходни победници…

  • Seat го претстави својот нов SUV – Tarraco (фото+видео)

    Seat го претстави својот нов SUV – Tarraco (фото+видео)

    Шпанскиот бренд „Seat“ ги продолжува своите нагорни перформанси на светските пазари, забележувајќи раст на продажбата шеста година по ред. Ова беше потпомогнато од двата кросовери…

  • РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“

    РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“

    Безбедноста во сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. Секојдневно на улиците ширум Европа, се случуваат сообраќајни незгоди со…

  • Електрификацијата пристигна – Audi го претстави новиот e-tron(фото)

    Електрификацијата пристигна – Audi го претстави новиот e-tron(фото)

    Audi e-tron е првиот целосно електричен модел од брендот Audi кој влегува во производство. Компанијата пред светот го претстави својот нов спортски, електричен SUV во…

  • Land Rover објави специјални верзии на Discovery и Discovery Sport

    Land Rover објави специјални верзии на Discovery и Discovery Sport

    Британската компанија „Land Rover“ објави ограничена верзија на „Discovery“ и „Discovery Sport“. Претставувањето на овие модели на пазарот е по повод 70-годишнината од брендот. „Land…

  • Кога BMW ќе погледне во иднината, настанува Vision iNext (фото+видео)

    Кога BMW ќе погледне во иднината, настанува Vision iNext (фото+видео)

    Компанијата „BMW“ го покажа својот најголем нов кросовер со електричен погон кој го добил името „Vision iNext“ и габарит се доближува до „X5“. Сериската верзија…

  • Volkswagen Group продаде 7,3 милиони автомобили од почетокот на годината

    Volkswagen Group продаде 7,3 милиони автомобили од почетокот на годината

    Залагајќи се во електричната мобилност и новите модели, Групацијата „Volkswagen“ добро се справи со негативните ефекти од „Dieselgate“ и самоуверено се движи напред. За првите…

  • Култната “Buba” заминува во пензија

    Култната “Buba” заминува во пензија

    По скоро седум децении на пазарот, Фолксваген ќе престане да го произведува својот препознатлив автомобил – “Buba”, објави вчера германскиот производител на автомобили. Првата “Buba”…