28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија во група со Грција, Турција и Исланд во квалификациите за ЕП...

Македонија во група со Грција, Турција и Исланд во квалификациите за ЕП 2020

Македонија ќе игра во група со Грција, Турција и Исланд во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, ждрепка со која можеме да бидеме задоволни и која секако ќе предизвика интерес поради двомечот со грчката репрезентација.

Македонија првпат беше носител во една ждрепка за квалификациите за ЕП, а помогна и тоа што ЕХФ реши од следното ЕП да има 24 учесници.

За учество на ЕП ќе биде потребен пласман на едно од првите две места, а и три третопласирани репрезентации одат на шампионатот. Шпанија, Австрија, Шведска и Норвешка се директно пласирани. Квалификациите почнуваат во октомври.

ЕП 2020 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА 1: Израел, Полска, Германија, Косово

ГРУПА 2: Швајцарија, Србија, Хрватска, Белгија

ГРУПА 3: Турција, Исланд, Македонија, Грција

ГРУПА 4: Летонија, Холандија, Словенија, Естонија

ГРУПА 5: Босна и Херцеговина, Чешка, Белорусија, Финска

ГРУПА 6: Литванија, Португалија, Франција, Романија

ГРУПА 7: Словачка, Русија, Унгарија, Италија,

ГРУПА 8: Украина, Црна Гора, Данска, Ф. Острови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП