28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо сериозни обвинувања Панатинаикос ја напушта Евролигата

Со сериозни обвинувања Панатинаикос ја напушта Евролигата

Сопственикот на грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос, Димитри Јанакопулос, преку својата инстаграм-страница објави дека неговиот тим веќе нема да учествува во Евролигата поставувајќи порака дека се работи за „Евролига мафија“.

Јанакопулос е во конфликт со првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу, и првин најави дека Панатинаикос се враќа каде што му е местото со фотографија на логото на ФИБА по што одеше директната порака кон Бартомеу.

„Ќе ве решиме, никој не се игра со Панатинаикос“, напиша Јанакопулос со слика од култниот филм „Кум“ и написот „Евролига мафија“.

Сите предлози на грчкиот тим на последниот состанок на Евролигата беа отфрлени.

Иронично, прозивката „мафија“ не му прилега на Јанакопулос, кој неколку пати беше обвинуван за поврзаност со организираниот криминал.

Клубот од Атина заврши на четвртото место во регуларната сезона во Евролигата и ќе играат со Реал Мадрид во првото коло од плејофот. Со заминувањето на Панатинаикос, Евролигата паѓа на 10 члена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП