1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРобен и Рибери остануваат во Баерн

Робен и Рибери остануваат во Баерн

Аријен Робен и Франк Рибери ќе го носат дресот на Баерн и во наредната сезона, пишуваат денеска германските медуми.

Договорите на Робен и Рибери имаат важност до крајот на сезоната, според истите извори, преговорите биле успешни и тие двајца ќе бидат жители на Минхен и наредната сезона.

„Кикер“ прв објави дека потпишувањето на новите едногодишно договори ќе биде само формалност, а клубот во наредните денови треба и официјално да објави дека Рибери и Робен ќе останат во Минхен.

„Знаеме дека двајцата се одлични фудбалери. Со нив во изминатата деценија постигнавме бројни успеси. Клубо ги цени и ги почитува нив двајца“, рекол превиот човек на клубот Карл-Хајнц Румениге.

Рибери е играч на Баерн од 2007, а Робен од 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП