2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМерцедес: Можно е Хамилтон да замине во Ферари

Мерцедес: Можно е Хамилтон да замине во Ферари

Шефот на Мерцедес, Тото Волф признава дека Луис Хамилтон наскоро би можел да се приклучи на Ферари, откако преговорите за новиот договор со четирикратниот шампион „заглавија“.

Договорот на Британецот завршува на крајот на сезоната, по што би бил слободен агент. 33-годишниот Хамилтон преговара за продолжување на договорот, но сепак, во Мерцедес знаат дека во Ф1 сè е можно и дека трансфер кај најголемите ривали не е невозможен.

„Ова е Формула 1 и нема нешто што е невозможно. Покажете ми е еден Формула 1 возач кој не сонувал да стане светски шампион со Ферари. Имам огромна почит кон нив, но ќе кажам дека Хамилтон е дел од семејството на Мерцедес засега“, вели Волф.

Преговорите за договорот сигурно ќе бидат под влијание на формата на Мерцедес, кои оваа сезона иако според проценките повторно го имаат најбрзиот и најдобриот болид во првите две трки од сезоната беа победени од Себастијан Фетел во Ферари, а ги очекува уште една тешка трка овој викенд во Шангај, Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП