
Ливерпул избори пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите со двете победи против Манчестер Сити.


Ливерпул избори пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите со двете победи против Манчестер Сити.
„Црвените“ имаат зад себе одлична сезона, а резултатите им овозможија да се искачат на првото место на листата на УЕФА за тековната сезона.
Зад Ливерпул е сместен минхенски Баерн, потоа следат Реал, Барселона и Рома, која благодарение на пласманот меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите дојде на оваа позиција.

До крајот на сезоната престојат уште натпревари и сигурно е дека листата ќе претрпи измени.
Кога станува збор за изминатите пет сезони, на листата на УЕФА на првите две места се мадридските тимови Реал и Атлетико, а меѓу најдобрите пет се уште Баерн, Барселона и Јувентус.
