18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHP претстави Chromebook од два дела (фото+видео)

HP претстави Chromebook од два дела (фото+видео)

„HP“ го претстави новиот „Chromebook“ кој е малку поинаков во однос на сите досегашни модели. Имено, „Chromebook x2“ како што му е официјалното име доаѓа во два дела, поточно може да се одвои екранот од тастатурата, па да се користи и како таблет.

Покрај последната верзија на оперативниот систем „Chrome“, а тука и е поддршка за „Android“ апликации и „Google Play“. „Chromebook x2“ е опремен со 12,3-инчен екран со резолуција од 2.400 x 1.600 пиксели и седмата генерација на процесорот „Intel Core“. Екранот од оштетувања е заштитен со „Gorilla Glass 4“ стакло.

Понатаму, има 4 GB RAM и 32 GB интерен простор за чување податоци. На корисниците кои имаат потреба од подобри перформанси ќе можат при купување да изберат модел и со 8 GB RAM. Во двата случаи станува збор за „LPDDR3“ меморија. Просторот за чување податоци може и дополнително да се прошири по пат на мемориска картичка (microSD до 256 GB). Дополнително, секој купувач добива и 100 GB бесплатен простор на „Google Drive“ во рок од две години.

Со едно полнење на батеријата, како и користење и на „Android“ апликации, „Chromebook x2“ би требало да издржи до 10 часа работа, според производителот. За добар звук, „HP“ додаде и стерео звучници со „B&O Play“ технологија. На предната страна се наоѓа камера со резолуција од 5 MP, a на задната камера од 13 MP.

Дебелината на самиот талбет е 8,2 милиметри, а со додаток на тастатурата таа се зголемува на 15,3 милиметри, а тежината од 734 грама на 1,42 килограми. Бидејќи екранот е чувствителен на допир, „HP“ обезбеди и поддршка за дигитално пенкало.

Почетокот на продажбата е најавен за 10-ти јуни со почетна цена од 599,99 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП