24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia стартуваше со производство на Cee`d GT

Kia стартуваше со производство на Cee`d GT

gtkia

„Kia Motors Slovakia“ го започна производството на спортската верзија на својот хечбек модел, „Kia cee’d GT“,  што воедно е исполнување на годинешниот план на компанијата.

Овој модел ќе се произведува во верзии со три врати како „pro_cee’d GT“ и со пет врати како „сee’d GT. „Kia“ има фабрика во Жилина во Словачка и веруваат дека со новиот модел „cee’d GT“ компанијата ќе може да привлече нови купувачи.

gtkia1

Моделот „GT “ е дизајниран да донесе поголема емоција, но и да биде привлечен и на семејствата. Двете верзии на моделот се дизајнирани во Европа под раководство на главниот дизајнер на европскиот дел, Петер Шрејер.

Под хаубата на двете верзии се наоѓа 1.6 литарски „GDI“ бензински мотор со снага од 204ks и 265Nm вртежен момент. Снагата се пренесува на предната осовина по пат на шестстепен мануелен менувач и овозможува забрзување до 100 km/h зa 7,9 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП